Реконструкцијата во Манчестер сити значи дека налето ќе си заминат најмалку четворица фудбалери, а веќе се знаат и нивните имиња. На продажба се Илкај Гундоган, Кевин де Бројне, Бернардо Силва и Фил Фоден.
Најголемо изненадување е токму последниот фудбалер на оваа листа, Фоден, кој се сметаше за незаменлив дел од Граѓаните. Сепак, четворицата имаат над 30 години, па јасно е кој е планот на Пеп Гвардиола.
Манчестер сити е подготвен да ги слушне понудите на останатите екипи за Фил Фоден, а според медиумите од Островот, интерес веднаш покажале Баерн Минхен и Реал Мадрид, кои се подготвени да го купат репрезентативецот на Англија.