Белингам доби два меча суспензија за црвениот картон и пцуењето

Дисциплинскиот комитет на Фудбалската федерација на Шпанија му одреди суспензија од два натпревари на Џуд Белингам од Реал Мадрид за црвениот картон што го доби за пцуење на англиски јазик.

Ако оваа суспензија остане на сила, Англичанецот нема да има право на настап на лигашките мечеви со Жирона и Бетис, но во меѓувреме ќе смее да игра на 26 февруари во Купот против Реал Сосиедад.

Се зборуваше дека Белингам може да добие суспензија и од 4 до 12 меча, но дисциплинците однесувањето не го третираа како навреда кон судијата, туку како непочитување и презир.

Не беа земени предвид снимките на кои наводно се гледа дека тој не го опцул директно судијата Мунуера Монтеро. Од Реал тврдат дека судијата не разбрал што кажал Џуд и најавуваат дека ќе се жалат и на оваа одлука, според нив Белингам е невин.

- Оглас -

Најнови вести