Нејмар предводник на борбата против вештачка трева на терените во Бразил

Во Бразил почна кампања против вештачка трева на фудбалските стадиони која ја предводат многу познати фудбалери, меѓу нив и првата ѕвезда Нејмар.

Играчите сметаат дека играњето на вештачка трева го зголемува ризикот од повреди.

„Фудбалот е природен, не синтетички“, е пораката која ја испратија Нејмар, Кутињо, Тијаго Силва, Мемфис Депај, Габи-гол и други ѕвезди од бразилската лига.

Некои клубови во највисоките дивизии во Бразил користат вештачка трева за да овозможат повеќекратна употреба на стадионите и да ја минимизираат штетата на површините за играње.

Клубот Палмеирас објави соопштение во кое вели дека критиките за вештачката трева се површни и не се засноваат на научна основа. Тие додаваат дека површината е сертифицирана од ФИФА и е предмет на редовни контроли од 2020 година „за да ги има истите параметри како теренот со природна трева во совршена состојба“.

- Оглас -

Најнови вести