Елиф Елмас првпат беше стартер, Торино го победи Милан (Видео)

Елиф Елмас првпат откако направи трансфер од Лајпциг во Торино беше стартер за новиот клуб и тоа во победата над големиот Милан со 2-1. Нашиот репрезентативец беше заменет со 59-тата минута, кога резултатот беше 1-0 за домашните.

Торино поведе со комичниот автогол на Малик Тиав во петтата минута, а Пулишиќ не успеа да реализира пенал за 1-1 во 32-рата минута. Рајндерс во 74-тата минута конечно донесе израмнување за Милан, но Гвидас Гинеитис во 76-тата минута повторно го врати Торино во водство, што на крајот се покажа и како конечен резултат на овој меч.

- Оглас -

Најнови вести