Адвокатот на Синер тврди дека едвај го убедиле да прифати тримесечна суспензија

Светскиот тениски рекет број 1, Јаник Синер, неодамна се согласи на казна од Светската антидопинг агенција (ВАДА), која вклучува тримесечна суспензија.

Случајот на Синер предизвика многу контроверзи, бидејќи ова е првпат да се одреди ваква суспензија и останаа отворени прашања. Ако Италијанецот користел недозволени средства (со или без знаење и намера), тогаш суспензијата требаше да биде на многу подолг рок, а ако е чист, воопшто не требаше да му забранат да игра.

Неговиот адвокат Џејми Сингер откри дека Синер одвај се согласил за спогодбата.

„Воопшто не беше лесно да го убедам да се согласи. Кога му кажав на Јаник дека има шанса за тримесечна спогодба, тој ми одговори: Зошто да се согласам, кога првата пресуда беше дека нема да бидам казнет“, вели Сингер.

Синер нема да пропушти ниту еден грен слем турнир за време на суспензијата, бидејќи казната ќе му истече на 4-ти мај, а најверојатно нема да го загуби ни првото место на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести