Шведската фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ, кој е советник на управата на Милан, кога пред неколку месеци го постави Давиде Бонера за тренер на младинскиот тим на Милан изјави дека на новиот тренер ќе му даде време и трпение, со акцент на развојот на играчите наместо на моментални резултати.
Но, поранешниот соиграч на Златан, Бонера, неодамна доби отказ како тренер на тимот кој се натпреварува во Серија Ц, каде се борат за опстанок. Бонера имаше само четири победи откако ги презеде младите играчи на Милан.
Според шведскиот портал Svenskdam, причината за отказот на Бонера не е поврзана со резултатите, туку затоа тоа што синот на Златан, Максимилијан (18) не добивал доволно можности за игра и тоа наводно предизвикало незадоволство кај Златан.
Нов тренер на тимот ќе биде Масимо Одо. Останува да видиме дали ќе му пружи повеќе можности на младиот Ибрахимовиќ.