Матео Ковачиќ се враќа во Мадрид, но не во Реал, туку во Атлетико?

Хрватскиот фудбалер за врска, Матео Ковачиќ, летово би можело да го напушти Манчестер сити и да премине во редовите на Атлетико Мадрид.

Искусниот Ковачиќ од 2015 до 2019 година играше за Реал Мадрид, кум му е капитенот на Кралскиот клуб, Лука Модриќ, а од следната сезона може да го облече дресот на лутиот градски ривал на најтрофејниот клуб. Во Атлетико сметаат дека Ковачиќ би можело да биде одлично пополнување по најавеното заминување на Родриго де Паул.

Договорот на Ковачиќ со Сити е до јуни 2027, па Атлетико ако сака да го купи, ќе мора да плати и отштета од 30-тина милиони евра. Интерес за Матео има и од Фенербахче, но Хрватот преферира да остане во топ 5 лигите.

Јорганџиите се заинтересирани за уште еден играч од Премиер лигата, тоа е напаѓачот Дарвин Нуњез од Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести