Само еден гол падна во првото полувреме на трите меча од фудбалската Лига на шампиони кои се играат со почеток во 21 часот.
Голот беше дело на Хари Кејн кој му донесе водство на Баерн против Баер Леверкузен. За Англичанецот тоа е 61-ви гол во кариерата во ЛШ, со што се изедначи на 12-тото место на вечната листа со Мохамед Салах кој има одиграно 37 меча повеќе.
На дербито во Париз, ПСЖ доминираше со играта, имаше многу шанси против Ливерпул, Црвените беа немоќни, но благодарение на голманот Алисон и ВАР технологијата (поништен гол на Кварацхелија), Французите на пауза заминаа без предност.
Во Лисабон, Бенфика и Барселона не приредуваат голеада како неодамна кога постигнаа 9 гола, и во првите 45 минути мрежите останаа мирни. Барса од 22-ра минута е со човек помалку, исклучен беше Кубарси, па Каталонците мораа да направат измена со која ќе ја пополнат одбраната на сметка на ослабен среден ред, излезе Олмо, а на негово место влезе Араухо. Освен еден црвен, судијата покажа и четири жолти картони.