Ливерпул победи со 1-0 на гостувањето кај ПСЖ, а Баерн со 3-0 го порази Баер Леверкузен, па Црвените и Баварците се блиску до четвртфинале.
Најдобриот англиски тим сезонава беше тотално надигран во Париз, но домашните не знаеја како да го совладаат феноменалниот Алисон Бекер кој имаше 8 одбрани. Во 89-та минута, резервата Харви Елиот само што влезе во игра (после 47 секунди), даде гол и ги шокираше Французите, па Ливерпул остана со перфектен скор.
Баерн покажа дека сезонава е подобар од Фармацевтите и со два гоа на Хари Кејн кој стана 11-ти стрелец во историјата на ЛШ, со 3-0 го совладаа Леверкузен, и се многу блиску до четвртфинале каде ги чека најверојатно Интер.
Ова е голот на Елиот кој му донесе победа на Ливерпул:
⚽️ GOAL: Elliott
🇪🇺 PSG 0-1 Liverpoolpic.twitter.com/0ga85YgopK— Goals Xtra (@GoalsXtra) March 5, 2025