Неверојатна сцена во Минхен: Од трибините заврши на клупата на Баерн, и тоа поради Нојер

Баерн Минхен убедливо со 3:0 го победи Баер Леверкузен во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите, па најтрофејниот германски тим широко си ги отвори вратите за место во следната фаза.

Баерн доминираше на теренот во Минхен, а еден од моментите кога домаќините се најдоа во проблем се случи во 58-мата минута, кога на повреда се пожали Мануел Нојер. Голманот почувствува болка во мускулот на ногата и едноставно не можеше да продолжи да игра, па мораше да биде заменет.

На негово место шанса да брани во ЛШ доби младиот 21-годишен Јонас Урбиг, кој беше пријавен како резервен голман. Интересно е дека по повредата на Нојер, од трибините на стадионот мораше да се активира и искусниот 36-годишен голман Свен Улрих.

Улрих беше пријавен во записникот за дуелот, но реши мечот да го следи од трибините. Кога Нојер се повреди и Урбиг влезе во игра, искусниот Ултрих мораше да се симне од трибината и седна на клупата на Баерн.

Улрих беше во Баерн од 2015 до 2020 година, а потоа една сезона замина да брани во Хамбургер. По една сезона реши повторно да се врати во Баерн, кога бранеше во мечевите на кои Нојер поради повреда не можеше да игра.

- Оглас -

Најнови вести