Ливерпул со 1:0 го победи Пари Сен Жермен, и тоа на гостински терен, во првиот меч од осминафиналето во Лига на шампионите. Францускиот првак доминираше на теренот, имаше дури 71 отсто посед на топката и неверојатни 27 удари кон голот на Ливерпул, но не успеа да постигне ниту еден гол.
На крајот, со голот на Харви Елиот во 87-мата минута, Ливерпул успеа и да победи. Иако Елиот го даде единствениот погодок, јунак на мечот е голманот на гостите, Алисон Бекер.
Бразилскиот голман успеа да одбрани неверојатни 10 шута во рамките на неговиот гол, од кои неколку беа зицер ситуации. Алисон одбрани четири шута на Кварацхелија и два на Дембеле, играчите кои беа најопасни во нападот на ПСЖ.
Со оваа победа Ливерпул направи голем исчекор кон четвртфиналето и сега потребно е да не загуби на својот „Енфилд роуд“ во реваншот против ПСЖ.
Allison has to earn his spot back.pic.twitter.com/xtHDYymw5t
— 22🥇 (@Arneslot_Era) March 5, 2025