Јокиќ и повреден е незадржлив, Денвер речиси цел меч губеше, а на крајот победи (Видео)

Никола Јокиќ уште еднаш потврди дека е вистински лидер во тимот на Денвер откако го предводеше својот тим до победа над Сакраменто од 116:110. Центарот на Денвер на крајот заврши со 22 поени, 15 скока и шест асистенции. Расел Вестбрук додаде 25 поени, а Џемал Мари беше со учинок од 24 поени и осум асистенции.

Пред мечот имаше дилема дали Јокиќ ќе биде во составот затоа што Србинот се жалеше на повреда, но не само што играше, туку тој беше и најдобар на теренот. Интересно е дека Денвер губеше во најголем дел од мечот. Во првата четвртина Сакраменто имаше 10 поени предност (35:25), а потоа во втората четвртина гостите водеа и со 14 разлика (53:39).

По три четвртини игра, Сакраменто водеше со 93:84, гостите предноста ја чуваа до 102:99. Во финишот, Денвер со серија од 8:0 по многу долго време стигна до предност, и тоа од 107:102, а домаќините во финишот знаеја како да ја сочуваат и да победат.

Резултати од мечевите кои се одиграа ноќеска: Бостон – Портланд 128:118, Шарлот – Минесота 110:125, Кливленд – Мајами 112:107, Вашингтон – Јута 125:122, Милвоки – Далас 137:107, Денвер – Сакраменто 116:110, Мемфис – Оклахома 103:120, ЛА клиперс – Детроит 123:115.

 

- Оглас -

Најнови вести