Победничката низа на Интер Мајами во Шампионскиот куп на Северна Америка продолжи на домашен терен против Кавалирс од Јамајка во осминафиналето. Интер Мајами славеше со 2-0 со головите на Аленде и Луис Суарес, но и на втор меч по ред во составот воопшто не беше Лионел Меси.
Навивачите со право се загрижени, а од клубот објаснија дека Аргентинецот не е во составот за да го заштитат од напорната сезона и големиот напор што го има на мускулатурата.