Охриѓани даруваа цвеќиња, па му „подарија“ победа на Вардар 1961

Екипите на ГРК Охрид и Вардар 1961 одиграа супер интересен меч кој им припадна на скопските Црвено-црни со 27-26.

Тимот на тренерот Стевче Алушовски беше многу порасположен во првото полувреме кое го доби со 16-11. Вардарци се освестија на полувреме дека им се заканува пораз, па со серија од 3-0 тргнаа во второто полувреме и најавија дека ќе пробаат да направат пресврт, но Гладијаторите привремено го одбија нападот и повторно ја презедоа целосната контрола и не им дозволија на скопјани да им се доближат.

Сепак, благодарение на одбраните на феноменалниот Гогов кој имаше 9 интервензии во вториот дел, и ефикасниот напад, на три минути до крајот гостите израмија на 26-26, а потоа со гол на Борозан и поведоа на една и пол минута до крај. Веќе немаше голови и Вардар остана со ист број на бодови како Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Пред мечот, ракометарите на Охрид приредија убав џентлменски гест, им поделија цвеќиња и им го честитаа 8 Март на припадничките на понежниот пол кои беа присутни на трибините во салата „Билјанини извори“.

- Оглас -

Најнови вести