Хорор: Со автомобил влетал на фудбалски терен и прегазил 10-годишно девојче

На фудбалски терен во Велика Британија се случи голема трагедија во која животот го загуби 10-годишно девојче. Несреќната Попи Еткинсон смртно настрадала откако 40-годишен возач со автомобилот влетал на теренот и го прегазил 10-годишното девојче.

Во инцидентот, полесно биле повредени уште две девојчиња. Засега уште не се знае која е причината за овој страшен инцидент.

„Само што излегувавме на теренот, автомобил се проби низ оградата и потоа слета на теренот. Немам поим како возилото стигнало таму. Тоа беше чиста паника. Воопшто не беше пријатно. Децата беа очигледно исплашени, но тренерите навистина, навистина добро се справија со ситуацијата. Овде синоќа имаше многу семејства кои се собраа да им дадат поддршка на мајката и таткото и пријателите на несреќното девојче“, изјави очевидецот Скот Дини.

- Оглас -

Најнови вести