Ова го има и во македонското првенство, гол од пола терен на екс-репрезентативецот (Видео)

Беса со 3:2 го победи Шкупи на стадионот во Чаир, а потегот на мечот го имаше гостинскиот напаѓач, Влатко Стојановски. Некогашниот македонски репрезентативец постигна еврогол со кој Беса поведе со 3:1 и тоа беше најава дека гостите ќе си заминат со цел плен.

Голманот на Шкупи, Давид Денковски беше далеку излезен пред својот гол, а тоа го забележа Стојановски, кој со шут од преку 50 метри, односно од својата половина успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести