Реал Мадрид со 2:1 го победи градскиот ривал Рајо Валјекано во меч од 27 коло на шпанското првенство. Со оваа победа Кралскиот клуб стигна до 57 бодови колку што има и лидерот Барселона, но каталонците имаат меч помалку. Зад Реал сега е Атлетико Мадрид кој шокантно загуби од Хетафе.
Отпорот на гостите на „Сантијаго Бернабеу“ беше скршен точно половина час откако започна дуелот. Килијан Мбапе одлично се снајде во шеснаесетникот и успеа да го матира голманот на Рајо.
Само четири минути по погодкот на Мбапе, погоди и Винисиус Јуниор. Бразилецот имаше одличен соло-продор и речиси од иста позиција од која погоди Мбапе, беше прецизен и тој за 2:0.
До крајот на првиот дел погоди и Рајо Валјекано. Се играше дополнителното време кога евроголот постигна Педро Дијаз за 2:1. Во второто полувреме Реал рутински ја задржа предноста и освои три вредни бодови во трката за титулата.