Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, беше презадоволен од убедливата победа на неговиот тим со 0-4 против Јувентус во Торино.
„Фудбалот е таков – победите и поразите се менуваат. Јувентус беше во серија од пет победи по ред и никој не очекуваше ваков резултат. Но, ние одигравме перфектно“, изјави тренерот на Аталанта.
Гасперини зборуваше за Шарл де Кетеларе, кој блескаше оваа сезона, но во последно време има пад во формата.
„Тоа е нормално со оглед на згуснатиот распоред“, посочи Гасперини.
Тој истакна дека тимот конечно има време за одмор и тренинзи по долги месеци со натпревари на секои три-четири дена.
„По толку интензивен период, сега сме во подобра кондиција. Се виде дека сите се свежи.“
Запрашан за борбата за титулата, тој остана скромен, но не ја исклучи можноста.
„Луѓето не треба да престанат да сонуваат. Дури и кога нешто изгледа невозможно, ако веруваш доволно, може да се случи. Никогаш не сме имале три бода повеќе од Јувентус во оваа фаза од сезоната“, заврши Гасперини.