Нејмар повторно е повреден, навивачите го обвинуваат дека глуми

Нејмар не беше дел од составот на Сантос за полуфиналниот меч од Паулиста првенството на Бразил, а причина за тоа е, како што наведе тренерот, мала повреда која ја почувствувал на претходниот меч.

Сепак, Нејмар беше забележан на карневалот во Рио де Жанеиро, а јавноста веднаш започна да шпекулира дека тој ја одглумил повредата за да присуствува на роденденот на неговата сестра.

Веќе стана традиција Нејмар да не игра во деновите пред роденденот на сестра му, а тоа се случи во 10 од последните 11 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести