Лацио и Удинезе одиграа 1-1 на „Олимпико“ во Рим, па сега и двете екипи имаат серија од по шест меча без пораз во Серија А. Сепак, Лацио може да жали бидејќи со победа ќе го минеше Јувентус на табелата и ќе се искачеше на посакуваната четврта позиција, која носи пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.
Флоријан Тавин во 22-рата минута ги донесе гостите од Удине во водство од 0-1, а Лацио израмни само десет минути подоцна со голот на Алесио Ромањоли. На крајот се покажа дека конечните 1-1 беа поставени уште во 32-рата минута.