Можеби многумина очекуваат дека Манчестер јунајтед ќе го смени тренерот Рубен Аморим, сепак косопственикот на Црвените ѓаволи, Сер Џим Ретклиф, вели дека тренерот врши одлична работа и има комплетна доверба да продолжи да ја води екипата.
„Навистина ми се допаѓа Рубен. Секогаш кога доаѓам во тренинг-центарот, разговарам со него. Седнуваме, пиеме кафе и разговараме. Да бидам искрен, со оглед на составот што го има и фактот дека дојде на средина од сезоната, тој врши одлична работа. Сите очекуваат дека чудата се случуваат преку ноќ, но тоа не е така во реалниот живот. Натпреварот против Арсенал беше импресивен. Тимот работеше напорно и беше максимално фокусиран. Ако ги прочитате имињата на клупата, многу од нив нема да ги знаете. Половина од осумте најплатени фудбалери на Манчестер јунајтед не се достапни за Рубен. И во Ливерпул или Манчестер сити би било исто во ваква ситуација. Маунт и Шоу се повредени, ги нема Рашфорд и Санчо. Освен нив, имаме и многумина други повредени фудбалери. Јас верувам во Рубен, искрено. Навистина, многу ми се допаѓа Рубен“, рече Сер Џим Ретклиф, косопственикот на Манчестер јунајтед.