Реал Мадрид оствари нова важна победа во Ла Лига против Рајо Ваљекано (2-1) за време на викендот, но тимот повторно не беше убедлив во нападот. И покрај присуството на двајцата најдобри напаѓачи во светот во моментов, Килијан Мбапе и Винисиус jуниор, кои ги постигнаа двата гола на натпреварот, Кралскиот клуб не блескаше во офанзивата, забележа „Кадена СЕР“.
Според информациите од клубот, односите меѓу Мбапе и Винисиус не се особено добри. Ова резултира со недостаток на потребната хемија на теренот меѓу двајцата, што влијае на не толку импресивните резултати, иако тимот има ѕвезден напад.
Во последниот месец, Реал Мадрид одигра 11 натпревари, при што само во три од нив постигна повеќе од два гола. Овие натпревари беа двата дуела со Манчестер сити во Лигата на шампионите и средбата со Леганес во Ла Лига.
Еден од најдобрите примери за недостатокот на добра синхронизација меѓу Винисиус и Мбапе на теренот беше ситуацијата од натпреварот со Атлетико Мадрид минатата недела. Тогаш Мбапе можеше да го проигра Винисиус во перфектна гол-шанса, но поради непрецизно додавање, Бразилецот не успеа да постигне трет гол. Дури и легендарниот тренер Фабио Капело забележа дека постои проблем во разбирањето меѓу овие играчи.
Покрај лошата хемија меѓу двајцата, друг аргумент за падот во формата е и влошената форма на тимот во целина. Мбапе и Винисиус не добиваат доволно квалитетни топки на офанзивните позиции од своите соиграчи. Исто така, се забележува дека тие напаѓаат исти зони и понекогаш си пречат еден на друг. Ова покажува дека иако се меѓу најдобрите играчи во светот, Французинот и Бразилецот имаат уште многу работа на тренинзите за да го усовршат партнерството.
Сепак, по натпреварот против Леганес, Мбапе јавно изјави дека има многу добри односи со Винисиус и дека е подготвен да игра заедно со него за да освојуваат многу титули.