Карлос Алкарас без многу проблеми со 2:0 во сетови го победи Денис Шаповалов и се пласира во следното коло на турнирот во Индијан Велс, каде што е во улога на бранител на тронот. Ова е 14-та победа по ред на овој турнир за младиот Шпанец.
Алкарас вкупно има 18 победи и само два пораза во 20-те дуели кои ги одиграл на Индијан Велс. Претходно само двајца тенисери во историјата имале само два пораза во првите 20 меча на овој турнир. Алкарас влезе во елитното друштво на Џими Конорс, кој имаше 19 победи и само еден пораз во првите 20 меча на Индијан Велс, додека Роскоу Танеру бил со биланс од 18 победи и два пораза во старните 20 дуели.
Двата пораза кои Алкарас ги има на Индијан Велс се од неодамна пензионирани тенисери. Првиот му беше во 2021 година, кога загуби во второто коло од Енди Мареј, а има загубено само уште од Рафаел Надал, и тоа во полуфиналето, една година подоцна.