Реал го праќа Ѓулер на позајмица во Франкфурт, но тој има други планови

Младиот турски интернационалец Арда Ѓулер не ја добива посакуваната минутажа во Реал Мадрид, па сосема извесно е дека налето ќе оди на позајмица. Раководството на Кралевите веќе постигнало договор со Ајнтрахт Франкфурт за позајмицата на Турчинот, но нему му се допаѓа оваа идеја и има други планови.

Менаџерската екипа на Ѓулер преговара со миланските гиганти Интер и Милан, а Хакан Чалханоглу прави сè што е во негова моќ да го убеди да се пресели токму во Интер. Сепак, свој адут има и Милан, а тоа е Златан Ибрахимовиќ, па сосема извесно е дека младиот Турчин следната сезона ќе игра во Милано, само не е познато за која екипа.

Ваквиот развој на настаните не им се допаѓа на луѓето од Реал Мадрид, кои сметаат дека Ѓулер поголема минутажа и можност за напредок ќе има во Бундеслигата, во екипата на Ајнтрахт Франкфурт, која е изненадување на сезоната во Германија.

- Оглас -

Најнови вести