Ниту 34-те поени на Никола Јокиќ не беа доволни за Денвер да се спаси од пораз на домашен терен од Минесота. Гостите победија со 95-115 и ја продолжија променливата форма на шампионот од пред две сезони. Кошаркарите на Минесота победата ја најавија уште во првата четвртина, која ја добија со 26-34, а успеаја да ги добијат и наредните три периоди, не оставајќи му противникот ниту надеж дека може да стигне до позитивен резултат.
Актуелниот шампион Бостон селтикс ја прекина серијата од пет победи по ред и загуби на домашен терен од лидерот во Западната конференција, Оклахома, со 112-118. Мечот беше израмнет и во последниот период се влезе со резултат 88-88, но гостите беа поуспешни во финишот и заслужено победија, со што се вратија на победите по домашниот пораз од Денвер.
Резултати:
Атланта – Шарлот 123-110
Бостон – Оклахома 112-118
Торонто – Филаделфија 118-105
Хјустон – Феникс 111-104
Мемфис – Јута 122-115
Мајами – ЛА клиперс 104-119
Сан Антонио – Далас 126-116
Денвер – Минесота 95-115
Портланд – Њујорк 113-114 (106-106)