Реал Мадрид по изведувањето на пеналите, дојде до пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Атлетико Мадрид победи со 1-0 по 120 минути игра на „Метрополитано“, но Кралевите беа подобри со 4-2 на пенали. Секако, најконтроверзниот момент е пеналот на Хулијан Алварес, кој успеа да го совлада Тибо Куртоа, но голот беше поништен бидејќи фудбалерот двапати играл со топката при изведувањето на пеналот.
Веројатно малкумина на стадионот, но и пред малите екрани, сфатија што се случува, па голот беше поништен дури по реакција на ВАР-собата. Алварес се лизна при залетот, па кога ја удри топката, таа удри прво во врвот од левата копачка, па дури потоа заврши во мрежата на Реал Мадрид.
Es que ni teniendo miopía puedes decir que el penalti de Julian Álvarez fue a dos toques.
Es un atraco histórico pic.twitter.com/93sdPWiIHT
— Lexa (@alexaxfcb) March 12, 2025
Според правилата, двојниот допир на топката при изведување пенал е недозволен, па голот оправдано беше поништен. Главниот судија Марцињак во прв момент не забележа што се случи и го призна голот на Хулијан Алварес, но по прецизното гледање на снимката во ВАР-собата, Реал Мадрид доби голема предност, која на крајот и ја искористи да го елиминира градскиот ривал.