И за Макаби се најде јунак во Тел Авив

Макаби загуби во Тел Авив во меч од Евролигата за првпат по декемврискиот неуспех со Басконија, а првиот пораз во елитното натпреварување на домашен терен во 2019 година им го нанесе Анадолу Ефес.

Турците беа подобри вечерва и славеа со 79:71, по што речиси се сигурни учесниците во топ 8 фазата во битката за титулата.

Макаби е на деветтото место и докрај ќе бие битка за влез меѓу осумтте најдобри екипи во Евролигата.

Пред овој меч Реал Мадрид го декласира Химки во Русија со 100:75, а Жалгирис со 85:79 го надигра Баерн.

- Оглас -

Најнови вести