По големата трагедија во Кочани: ФФМ ги одложи сите фудбалски натпревари и изрази сочувство

По големата трагедија во Кочани, ФФМ ги одложи сите фудбалски активности во текот на денешниот ден. Федерацијата изрази длабоко жалење за трагичната несреќа во која страдаа многу млади луѓе.

„Фудбалската федерација на Македонија ги одложува сите денешни натпревари во сите конкуренции. Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.

Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите.

Изразуваме најискрено сочувство и поддршка.

Фудбалската федерација на Македонија ги одложува денешните натпревари во сите конкуренции.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви“, се вели во соопштението на ФФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести