Арне Слот зачуден: Немав видено таков гол, во 99 од 100 такви случаи топката не би влегла

Голот на двометрашот Ден Бурн од Њукасл со којшто им донесе предност на Чавките против Ливерпул во финалето на Лига купот бил изненадување за менаџерот на Црвените, Арне Слот.

При тој корнер, Бурн беше чуван од многу понискиот Алексис Мекалистер (176 см.) и тоа го искористи за да даде убав гол со глава за водство од 1-0 и му помогна на клубот да освои трофеј по пауза од 70 години.

„Имавме петмина играчи позиционирани блиску до нашиот гол. Ако топката оди таму, тука се нашите пет највисоки играчи за да ја нападнат. Обично противниците трчаат во таа зона. Обично, но Ден е исклучок. Никогаш во животот не сум видел некој со глава да шутне толку силно од таква далечина, и тоа во подалечниот агол. Во 99 од 100 случаи не би имало гол“, анализираше Слот.

 

Dan Burn Open the score in the carabao cup final with a power header.

Liverpool 0-1 Newcastle United pic.twitter.com/9zG2vrEDYC

- Оглас -

Најнови вести