Повеќе од 1.000 фудбалери во Колумбија гласаа за штрајк откако не постигнаа договор со фудбалската федерација на земјата (ФКФ) и лигата за условите за работа, соопшти светскиот синдикат на играчи ФИФПРО.
Во јануари биле постигнати делумни договори меѓу двете страни, а преговорите требало да продолжат во февруари за други клучни барања. Но, синдикатот на фудбалери не бил задоволен од втората фаза на преговорите.
ФИФПРО соопшти дека не е постигнат договор за девет клучни точки, вклучувајќи го статусот на играчите, учеството во телевизиските права и протоколот за антидискриминација.
„Гласаа вкупно 1.221 играч од првите две машки дивизии на Колумбија и женското првенство, а 1.067 (87 проценти) го поддржаа штрајкот“, соопшти ФИФПРО.