Реал Мадрид и Челзи во хумана акција: Легенди на двата клуба ќе играат на „Бернабеу“

На 23 јуни во Мадрид, на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, легенди на Реал Мадрид и Челзи ќе играат егзибициски натпревар од хуманитарен карактер. Ова е традиционален настан кој го организира „Реал Мадрид фондацијата“, кој ќе се одржи десетта година во низа.

Претседателот Флорентино Перес ја потврди соработката со клубот од Лондон, а на вчерашната прес-конференција присуствуваше и амбасадорот на Челзи, Торе Андре Фло.

На тревата на „Бернабеу“ сигурно ќе се појават Раул Гонзалес, Рикардо Карвалјо, Стив Мекманаман, Роберто Карлос, Алваро Арбелоа и Жулио Баптиста, додека на другата страна засега е потврдено присуството на Мајкл Есен, Марсел Десаи и Ејдур Гудјонсен, како ексчленови на Челзи.

- Оглас -

Најнови вести