Вардар убедливо со 14:6 води против Загреб на полувремето во „Арена“, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони. Нашиот првак започна одлично и со три гола на Даjнис Криштопанс стигна до 3:0, а Загреб првиот погодок го даде дури во седмата минута, а потоа стигна до 3:4 во 12 минута. Македонскиот првак сепак не попушти во темпото, па со цврста одбрана и серија од 3:0, поведе со 7:3 во 20 минута.
Благодарение на цврстата одбрана и добрата игра во нападот, Вардар во 28 минута стигна и до 12:5, а Загреб повторно имаше „црна дупка“, па во нападот цели шест минути немаше дадено гол.
Во првите 30 минути први стрелци со по четири гола се Криштопанс и Мораеш, а одличен беше и голманот на Вардар, Дејан Милосавлјев кој имаше шест одбрани и е на неверојатни 50 отсто успешност.
Остануваат уште 30 минути во Загреб во кои Вардар треба да продолжи во исто темпо и да заврши голем дел од работата во осминафиналната пресметка против хрватскиот ривал.