Шпанците од мај до септември нема да играат попладневни мечеви

Шпанската фудбалска федерација одлучи во периодот од 20 мај до 15 септември официјалните натпревари од лигите да почнуваат во 19.30 часот или подоцна. Ова правило донесено од здравствени причини ќе почне да се применува годинава и ќе важи и во следните години.

Одлуката е донесена поради заштита на играчите, бидејќи играњето на високи температури може да биде ризично. Во Шпанија подоцна се стемнува за разлика од другите земји во кои важи средноевропското време, па на тимовите од пониските лиги нема да им биде потребно да употребат рефлектори бидејќи и во 21.30 часот, кога најрано би завршувале мечевите, има доволно сончева светлина.

- Оглас -

Најнови вести