Дуелот меѓу Бостон и Индијана е само формалност, не очекувајте многу кошеви

Бостон селтикс – Индијана пејсерс (00 часот)

И Бостон и Индијана обезбедија плеј-оф, а вечерната пресметка ќе им биде само формалност. Една победа ги дели двете екипи на табелата на Источната конференција, а речиси е сигурно дека и во првата серија од разигрувањата ќе ги одмерат силите.

Во овој дуел ќе влезат со идентична форма, и Бостон и Индијана имаат по една победа во последните пет меча, така што најдобро е да се типува на вкупен збир на поени, отколку да се предвидува победник.

Предлог тип: <211.5 (1.97)

 

Треј Јанг (Атланта хокс – Портланд трејлблејзерс, 00:30 часот)

Атланта одамна се помири со фактот дека нема да игра во плеј-офот, но нивниот новајлија Треј Јанг е во одлична форма во вториот дел од регуларната сезона, и со секој нареден меч младата ѕвезда на „соколите“ игра да оствари што подобар учинок за да ја добие наградата за руки на сезоната.

Во мини-серијата од три победи на последните три меча, Јанг на двапати постигна 32 поени, еднаш 23, па се очекува и вечерва заврши со учинок над неговиот просек.

Предлог тип: Т. Јанг >23.5 (1.87)

 

Леброн Џејмс (ЛА лејкерс – Шарлот хорнетс, 03:30 часот)

„Кралот“ не настапи за Лејкерси во вчерашниот пораз од Јута (115:100), што значи дека е одморен и се очекува да биде на ниво против Шарлот. Џејмс почна да игра подобро откако се ослободи од притисокот што нема да игра во плеј-офот за првпат по 14 години од неговата кариера, а бидејќи недостасуваат неколку првотимци на Лејкерс во пресрет на овој дуел, јасно е дека публиката во „Стејплс центарот“ ќе се надева на блесок на нивниот најдобар играч.

Предлог тип: Л. Џејмс >26.5 (1.87)

 

Питсбург пингвинс – Нешвил предаторс (00 часот)

Кога се среќаваат овие две екипи секогаше е возбудливо. Мечот се решава или со голеада, или во пенал-рулет. На пенали се одлучуваа последните две пресметки на Питсбург и Нешвил во кои поделија по една победа, а сега без многу еуфорија ќе ги одмерат силите. Двете екипи осигураа место во разигрувањата, но како што стојат работите „пингвините“ повеќе посакуваат победа за да дојдат до што подобар учинок и подвиг на табелата во Источната конференција.

Предлог тип: 1 пол. (2.60)

 

Kалгари флејмс – Анахејм дакс (02 часот)

Честите повреди се главна причина што Анахејм има сезона за заборав. За нив е резервирано претпоследното место на табелата во Западната конференција, така што тешко ќе најдат мотивација вечерва да се надигруваат со лидерите од оваа конференција, тимот на Калгари флејмс.

„Патките“ вторпат сезонава ќе гостуваат кај Калгари, а минатиот пат загубија со минимални 2-1. На калгари не му е потребна победа, ниту ќе троши сили за тим кој не им претставува закана, па можно е и вечерва овој дуел да се заврши со сличен исход како и последната меѓусебна пресметка на овие две екипи.

Предлог тип: <5.50 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести