Вардар и во реваншот ќе го „здроби“ Загреб

Вардар – ППД Загреб (19:30 часот)

Вардарци го декласираа хрватскиот состав во првиот меч од осминафиналето во ракометната ЛШ со 18-27, но тоа не значи дека пред домашната публика ќе чекаат само да заврши мечот. Работата навидум е завршена, Вардар е со една нога во четвртфинале, а за да се потврди квалитетот на тимот кој го предводи Роберто Парондо, нема да штети и нова демонстрација на моќ.

Загреб со сите сили ќе се обиде да возврати за срамниот пораз, сепак, ќе играат само колку што ќе дозволи Вардар, па така не се сиклучува можноста на овој меч да се видат повеќе од 50 погодоци.

Предлог тип: 1 & >53.5 (2.40)

 

Барселона  – Еспањол (16:15 часот)

Актуелниот шпански првак во првото овосезонско каталонско дерби го растури Еспањол на гости со 0-4, а избраниците на Ернесто Валверде имаат намера повторно да доминираат против градскиот ривал и што побрзо да ја осигураат титулата во Шпанија. Барселона е во серија од 14 меча без пораз во Ла Лига, но одличната форма не е единствен фактор што тие се фаворити во градското дебри.

Еспањол е во незавидна ситуација, речиси никој не верува дека може да направи сензација на „Камп ноу“, особено што тренерот Руби Хоан не може да смета на неколку првотимци во пресрет на овој дуел.

Предлог тип: Т1 2+I & 1+II (2.85)

 

Фрајбург – Баерн Минхен (15:30 часот)

Баварците по подолг период се во пол-позиција да ја одбранат шампионската титула во Германија, подобрата гол-разлика во однос на Б. Дортмунд ги смести на лидерската позиција на табелата, двете екипи имаат по 60 бода по 26 одиграни средби.

Во меѓусебните средби против Фрајбург имаат одличен биланс. Во последните пет средби остварија четири победи, додека Фрајбург во првата овосезонска пресметка се избори за реми од 1-1 на „Алијанц арена“. Тоа значи дека фудбалерите на Нико Ковач сега мора да се поправат.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.15)

 

Јувентус – Емполи (18 часот)

Шокантниот пораз од Џенова (2-0) како да ги спушти на земја фудбалерите на Јувентус, Пандев и соиграчите им го нанесоа првото разочарување сезонава во Серија А. Но, денес не би требало да имаат проблеми против Емполи, без разлика што тренерот Алегри нема да смета на повредениот Кристијано Роналдо.

Нападот ќе го предводат Манџукиќ и Дибала, тие секако имаат квалитет да ја тресат мрежата на противникот. За „старата дама“ ова е првиот од трите меча кои им се предвидени во тесниот распоред, во следните осум дена ќе одиграат три првенствени меча, а потоа ги очекува гостување во Амстердам во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ против Ајакс.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.08)

 

Вест хем – Евертон (18:30 часот)

Еден од повозбудливите мечеви од 32-то коло во Премиер лигата покрај дербито меѓу Ливерпул и Тотенхем. „Чеканите“ и „карамелите“ редовно приредуваат интересни мечеви, а ако се земат во предвид последнита две средби кои завршија во корист на Вест хем со идентични 3-1, нема да биде изненадување ако и денес се погоди типот ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.0)

- Оглас -

Најнови вести