Нема бегање од традицијата, Удинезе пак си ја победи Џенова

Удинезе по традиција лесно ја победи Џенова, попладнево со 2:0 и нанижа серија од три домашни успеси против ривалот, за кој Горан Пандев го одигра второто полувреме.

Удинезе и третпат по ред славеше против Џенова без примен гол, а триумф најави Окака со гол во четвртата минута. Капитенот на македонската репрезентација влезе во игра на стартот од вториот дел, но не успеа да ги размрда редовите на Џенова.

Домаќините постигнаа уште еден гол, во 62. минута прецизен беше Мандрагора за печат на победата, која многу му значи на Удинезе. Сега имаат 28 бода, четири повеќе од Болоња, екипа која има најмногу бодови и шанси за опстанок од трилингот последнопласирани екипи во Калчото.

Џенова има 33 бодови и е релативно безбедна на 12. позиција во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести