Несторовски како Ејупи, даде гол, па доби црвен картон

Илија Несторовски ја доживеаја истата судбина како Музафер Ејупи и по постигнат гол беше исклучен. Вчера Ејупи до погодок го спаси од пораз Осиек, а потоа доби црвен картон, а истото денеска му се случи на Нестор-гол.

Македонскиот репрезентативец беше прецизен во 19. минута против Козенца, а исклучен во 91. минута по вториот жолт картон.

Палермо одигра 1:1, а ќе биде без капитенот на следниот меч против Пескара на „Адријатико“. Палермо влегува во финишот на Серија Б од втората позиција со добри шанси да се избори за директен пласман во Серија А, но ќе мора да го преброди и отсуството на капитенот, барем на еден меч и тоа на дербито со Пескара.

 

- Оглас -

Најнови вести