Навивачите се бесни по исклучувањето на Ристовски: Не престануваат да нè крадат

Се навикнавме да нè крадат сезонава, но црвениот картон за Ристовски е врв на кражбите, е еден од највпечатливите коментари на навивачите на Спортинг, по вчерашните циркуски одлуки на судијата Мота.

Има многу реакции од симпатизерите на популарните „лавови“ и навистина изгледа дека нема ништо случајно. Особено кога Ристовски е во прашање.

Тој и третпат сезонава нема да игра против Бенфика, а сите три случаи беа неверојатни. Вчера беше исклучен по прегледување на спорен момент од друга ситуација на теренот со помош на ВАР системот. Имаше дуел меѓу играч на Шавес и на Спортинг, а црвен картон доби домашниот фудбалер.

Но, судијата Мота одлучи да го провери спорниот момент и некако најде компензација. На ВАР виде старт на Ристовски многу порано од тој момент што го проверуваше, па и него го исклучи. Фудбалерите на Спортинг и самиот Ристовски реагираа, но немаше помош за макединскиот репрезентативец, па мораше порано да го напушти теренот.

https://twitter.com/rancuca33/status/1112084085445406721

Сега бурно реагираат навивачите, кои велат дека Бенфика е привилегирана.

„Од португалската федерација претходно заборавија да го информираат Спортинг дека Ристовски може да игра во купот против Бенфика, но ова е врв на лицемерието“ е уште еден коментар на очигледно незадоволен навивач на Спортинг.

Ристовски ќе го пропушти и третиот меч против Бенфика сезонава и на сите три дуели беше отсутен по туѓа грешка. Најпрво беше исклучен против Сетубал, откако беше удрен со лакт во главата. Имаше видлив оток на челото, но тој наместо противникот доби црвен картон. И не играше против Бенфика во првенството, а Спортинг загуби со 2:4. Потоа португалската федерација заборави да го информира навреме клубот од Лисабон дека Ристовски може да игра против Бенфика во купот.

И сега третпат по ред Стефан нема да игра и пак како што изгледа не по своја вина. Спортинг ќе игра на трети април со Бенфика во португалскиот куп.

 

- Оглас -

Најнови вести