Тренерот на Кардиф бараше цел стадион со аплауз да ги испрати судиите кои го „украдоа“ неговиот тим (Видео)

Челзи беше на прагот да загуби на гостувањето кај Кардиф, а на крајот победи. Лондонскиот тим даде два гола во последните минути од средбата и негативата од 1:0, ја претворија во победа од 2:1.

Сепак, црна дамка на цел меч остави судиската одлука да го признае голот на Аспиликуета со кој Челзи израмни на 1:1 во 86 минута. Бекот на Челзи беше во офсајд, но судиите тоа не го забележаа и погодокот беше признат.

По тоај погодок, Челзи тргна уште посилно во напад и во 91 минута гостите постигнаа втор погодок за целосен пресврт.

Домаќините беа во шок од ваквиот пораз, а тренертот на Кардиф, Нил Ворнок оправдано беше незадоволен од судењето. По завршување на средбата, Ворнок реши на интересен начин да го изрази своето незадоволство од судењето. Застана пред тројцата судии, гледаше директно во нив и почна да аплаудира. Потоа, тренерот на Кардиф побара цел стадион да даде саркастичен аплауз на судиите кои се директни виновници за поразот на неговиот тим.

По мечот, Ворнок рече дека во Премиер лигата се најлошите судии во цел свет.

https://twitter.com/i/status/1112371977048780801

- Оглас -

Најнови вести