Судиите го спасија Челзи, веројатно и Сари

„Овој Челзи потсетува на Манчестер јунајтед од периодот кога на клупата седеше Жозе Мурињо“ и „Оди си Сари“, беа најчестите коментари на навивачите на лондонските „сини“ на 10 минути пред крајот на средбата со Кардиф. Но, немаше нов премиерлигашки кикс за Челзи, и во финишот фановите на Челзи почнаа да пејат и да ја слават контроверзната победа.

Челзи кој се бори за место во Лигата на шампионите, победи со 2-1 против Кардиф, но голот на Сезар Аспиликуета со кој изедначија во 84 минута, беше од офсајд позиција која судиите не ја видоа. Гостите не се задоволија со бодот и со погодокот во 91 минута на Рубен Лофтус Чик, го освоија и целиот плен против шокираниот домаќин.

Кардиф сити е единствениот тим во Премиерлигата кој секогаш кога игра со Челзи, прв дава гол и поведува со 1-0, но тоа им е мала утеха. Виктор Камараса со пет гола е најефикасен играч на велшкиот тим сезонава.

Победници не се само Челзи и тренерот Сари, туку и Барнли, кој засега не треба премногу да се плаши својот опстанок во англиската елита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести