Бруклин е во топ форма, оди на подвиг против лидерот во НБА

Бостон селтикс – Мајами хит (НБА, 01.30 часот)

Бостон конечно успеа да ја стигне Индијана во битката за четвртото место во Источната конференција, но има незгоден распоред до крајот на регуларниот дел во НБА-лигата.

Прв на мегдан ќе им излезе Мајами хит, екипа која не смее да загуби бидејќи бие битка за место кое води во плејофот. Двете екипи играа по еднаш меѓу себе сезонава и забележаа по една победа, секој на домашен терен.

Кај Бостон одмори Кајри Ирвинг и тој речиси сигурно ќе игра ноќеска, а неизвесен е настапот на Ал Хорфорд. Многу поголеми проблеми има Мајами, бидејќи ќе им го нема првиот стрелец Ричардсон, а најавено е дека нема да игра и Винслоу.

Победата е императив за двете екипи, но Бостон е поквалитетен и е поблиску до бодовите.

Предлог тип: 1-1& <212.5 (3.20) 

 

Бруклин нетс – Милвоки бакс (НБА, 01.30 часот)

Бруклин ги загуби двата дуела против лидерот во Источната конференција, и тоа убедливо со двоцифрена разлика. Сепак ова е поинаков меч, а на Нетс им треба победа што ќе ги задржи на седмата позиција.

Милвоки речиси сигурно ќе биде најдобрата екипа во целата лига по завршувањето на регуларниот дел на сезоната и ќе има меч повеќе на свој терен во сите фази што би ги играле во плејофот, па може уште малку да ги одмори Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон. Двајцата имаат повреди и можно е и ноќеска да не играат.

Брогдон, Миротиќ, Снел, Гасол и ДиВинченцо сигурно нема да играат, па јасно е дека Милвоки е десеткуван, што е голема шанса за подвиг и победа на Бруклин. Го победија Бостон во мошне важен меч, можат и лидерот во уште поважен меч за останување во трка за плејофот.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Торонто репторс – Орландо меџик (НБА, 01.30 часот)

Орландо има 2:0 против Торонто сезонава, но репторс се во многу подобра ситуација. Речиси сигурно ќе тргнат во доигрувањето за титулата од позицијата број 2 во Источната конференција, што е одлична стартна позиција.

Можно е Кавај Ленард повторно да одмори, како што тоа често го правеше сезонава. Следи плејофот и лидерот на тимот мора да биде свеж и комплетно фит за настап во доигрувањето.

Орландо игра феноменално во финишот на сезоната, има 7 победи на последните 8 натпревари и ако победи ноќеска на тешкото гостување во Канада, ќе има големи шанси да се пробие до октетот најдобри на Истокот од НБА-лигата.

Можеби најдобар предлог е да одиграте на мал број поени.

Предлог тип: < 215.5 поени (1.95)

 

Феникс санс – Кливленд кавалирс (НБА, 04 часот)

Двете екипи ќе играат само за престиж бидејќи рано испаднаа од трката за плејофот во двете конференции. И двете екипи имаат добар потенцијал и одлични млади кошаркари за во иднина, па ноќеска тие ќе треба да го потврдат квалитетот.

Девон Букер е лидер на Феникс, а на спротивната страна сè подобро игра Охриѓанецот Џеди Осман, па ќе следиме интересен дуел. Штета е што центарот Ајтон, кому му предвидуваат блескава иднина, нема да игра за Санс.

Кај Кливленд можно е повторно отсутен да биде Кевин Лав. Феникс игра многу брза кошарка, а нема причина Кливленд да не го прифати предизвикот во меч без значење.

Предлог тип: > 224.5 поени (1.87)

 

Отава сенаторс – Тампа беј лајтнинг (НХЛ, 01.30 часот)

Ова е меч на најлошата и најдобрата екипа во НХЛ-лигата, па јасно е дека ќе има ревијален карактер. Отава тешко ќе го избегне фенерот во Лигата, а Тампа веќе е сигурно број 1 во регуларниот дел од сезоната.

И да не е меч без разултатско значење, треба да се погледне само статистиката на последните 7 дуели и ќе нема дилеми што треба да се одигра. Сите беа најмалку со шест погодоци, па сега ќе типуваме нов, осми меч по ред со многу голови.

Предлог тип: > 6.5 голови (2.00)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести