Бафало крена раце од регуларниот дел, Предаторите ќе слават победа

Пол Џорџ (Оклахома тандерс – Лос Анџелес лејкерс, НБА, 02 часот)

Крилото на Оклахома игра извонредно против Лејкерси и постојано успева да им го наполни кошот. Џорџ требаше да игра за тимот од Лос Анџелес, но ја одби нивната понуда и одлучи да продолжи да игра за Тандерс.

Во последно време малку потсопре со поените, но Лејкерс му се омилен противник. Ќе го нема за противник Леброн Џејмс, па можно е полесно да стигне до границата од 28,5 поени, колку што се бара во додатокот на Sport Life со НБА-понуда.

Предлог тип: >28.5 поени (1.87)

 

Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио спарс – Атланта хоукс, НБА, 02 часот)

Ветеранот на Сан Антонио игра одлична кошарка и ретко не погодува граница од 20+ поени. Честопати беше главен поентер на тимот и е лидер заедно со Де Розан.

Сан Антонио нема избор и мора да победи, ако сака да го задржи седмото место во Источната конференција. На последните два меча против Хоукс, Олдриџ лесно постигнуваше над 25 поени, па и сега ќе типуваме дека ќе оди над границата од 23,5 поени.

Предлог тип: Олдриџ > 23.5 поени (1.95)

 

Џејмс Харден (Сакраменто кингс – Хјустон рокитс, НБА, 04 часот)

Бекот на Хјустон има големи шанси да биде МВП на регуларниот дел од шампионатот, а и го заслужува признанието со игрите. Сега е ризично да се игра на индивидуални тотали поради финишот на сезоната и можното калкулирање со минутажата на главните играчи. Се ближи плејофот и многу е важно на која позиција ќе се заврши во битката за титулата.

Хјустон нема многу простор да калкулира, веројатно Харден ќе игра стандардно, а кога е на теренот, нема противник што може да го сопре. Сакраменто испадна и нема шанси за плејоф, но игра одлично, брзо, модерно и има екстра бекови во Бади Хилд и Арон де Фокс. Можат да наметнат темпо, а во таква ситуација Харден најдобро се снаоѓа.

Предлог тип: Харден > 36.5 (1.85)

 

Бафало сејбрс – Нешвил предаторс (НХЛ, 01 часот)

Бафало моментно ја има најдолгата серија порази во НХЛ-лигата. Седум се по ред и како што тргнало, низата ќе продолжи. Хокеарите на Бафало беа самокритични, велат дека ќе се обидат да играат подобро, но испаѓањето од трката за плејофот тешко им падна, па порази се редат.

Нешвил бие битка за позиции меѓу третата и петтата во Западната конференција и многу му значи победа. Веројатно ова е клучен меч за нив на три рунди до крајот на регуларниот дел. Имаат квалитет и за битка за титулата, а Бафало е во ногдаун и типуваме триумф на гостите.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Детроит редвингс – Питсбург пингвинс (НХЛ, 01.30 часот)

Детроит игра како прероден во финишот на сезоната, заедно со Колумбус ја имаат најдолгата серија победи по пет во НХЛ-лигата.

За „црвените крилја“ сепак е предоцна да се надеваат на плејоф, бидејќи одамна ги загубија шансите за доигрување, но не респектираат никого и веќе направија неколку изненадувања.

Сепак, и покрај серијата победи, Питсбург е фаворит. Пингвините имаат тим за нова титула, но прво мора да го избегнат петтото место во својата конференција, за да не гостуваат меч повеќе во сите фази од плејофот.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести