Франкфурт скајлајнерс го совлада ФИАТ Торино со 88:85 по продолжението во мечот од првото коло на Еврокупот и со тоа на легендарниот Лери Браун му го нанесе првиот пораз како предводник на италијанскиот тим.
Браун, кој има 78 години, засега е единствениот тренер во историјата на кошарката кој има титули во НБА и НЦАА-лигата, па реши да се испроба и во Европа. Иако во тимот донесе шест свои сонародници, Торино беше поразен на стартот на Еврокупот.
За германскиот тим, заврши серијатa од неверојатни 26 порази по ред во ова натпреварување, во кое немаа играно од 2012, а последната победа ја имаа во 2004 година.
Во синоќешните мечеви, лошо минаа екипите од АБА-лигата. Морнар загуби дома од Уникс Казан со убедливи 74:97, Цедевита беше надиграна од Лимож со 82:68, а Партизан беше поразен од Тренто со 82:73.