„Римската волчица“ брка победа за излез во Европа

Баерн Минхен – Хајденхајм (18:30 ч.)

Меч на кој речиси сигурно се знае победникот, посебно кога се игра во Минхен. Баерн е апсолутен фаворит и сигурно ќе се фокусира да го освои Купот бидејќи може да се случи да го загубат тронот во Бундеслигата. Второлигашот и со пласманот во четвртфиналето направи голем успех, но тука треба да е нивниот крај во оваа авантура.

Предлог тип: 1&3-5 (1.85)

 

Манчестер сити – Кардиф (20:45 ч.)

Повеќе од јасно е дека домаќинот е фаворит. „Граѓаните“ имаат голем мотив за победа бидејќи со три бода ќе се искачат на челното место во Премиер лигата, пред Ливерпул. Сити е вистинска машина за голови, а Кардиф е тим кој само со чудо може да се спаси од испаѓање.

На последните четири меѓусебни средби, Сити има дадено 13 погодоци против Кардиф и сега може да се очекува голеада.

Предлог тип: Т12+I&1+II (2.15)

 

ПСЖ – Нант (21 ч.)

ПСЖ и оваа сезона остана без шанса за трофеј во Лигата на шампионите, па целиот фокус е на домашна сцена. Титулата во првенството е обезбедена, а вечерва е борба за пласман во финалето на Купот. Неверојатна е низата на ПСЖ во дуелите со Нант. „Светците“ имаат 17 победи по ред и сигурно оваа низа ќе продолжи и овојпат.

Предлог тип: 1&T13+ (1.85)

 

Рома – Фиорентина (21 ч.)

Рома не се предава во трката за излез во Европа. „Волчицата“ има реални шанси за место во Лигата на Европа, но нивниот сон е за четвртото место кое води во Лигата на шампионите. Фиорентина е вистински тест за квалитетот на домаќините.

На „Олимпико“, Рома има само два порази во 14 средби, а Фиорентина најчесто игра нерешено на гости (7 ремија во 15 дуели). На последните пет меча на овие два клуба, секогаш имало барем два погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.96)

 

Хајдук – Динамо (19 ч.)

Вечното дерби на Хрватска нема некое големо значење бидејќи јасно е дека Динамо ќе биде шампион, а Хајдук се бори за излез во Лигата на Европа. Гостите ќе бидат растоварени, но знаат дека секогаш на „Пољуд“ во Сплит ги очекува „пекол“.

Хајдук на свој терен веќе три години нема победа против Динамо. Последен пат навивачите во Сплит се радувале  на победа, со 1-0, на 20 март 2016 година.

Предлог тип: 0-2 (1.60)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести