Последни средби од регуларниот дел во НХЛ лигата, ќе се игра без притисок

Чикаго булс – Филаделфија севентисиксерс (02 часот)

Кошаркарите на Филаделфија како да се опуштија откако го обезбедија местото во плеј-офот, па така третата најдобра екипа од Истокот нареди три последователни порази. Ноќеска гостуваат кај Чикаго, екипа која на домашен терен сезонава претрпе 30 порази, што значи дека ова е шанса за Сиксерс да излезат од кризата.

Ова ќе им биде трета пресметка во оваа сезона, а Чикаго и Филаделфија делат по една победа од претходните два дуели, во кои и двете екипи беа ефикасни и реализираа поени над границата.

Предлог тип: 2 хен. -8,5 (1.90)

 

Питсбург пингвинс – Њујорк ренџерс (01 часот)

Ренџерите од дома ќе ги следат разигрувањата во хокеарската лига на САД и Канада, а Пингвините веќе размислуваат за нивниот противник во плејофот. Во последната пресметка од регуларниот дел ќе се игра без притисок, познати се сите учесници, а победа во овој меч ќе значи престиж.

Њујорк во сите три наврати загуби од Питсбург сезонава, и тоа убедливо, а се чини дека и сега им се заканува ново разочарување.

Предлог тип: 1 & 5+ (1.80)

 

Вашингтон капитолс – Њујорк ајлендерс (01 часот)

И во овој дуел втората екипа од Њујорк е аутсајдер бидејќи игра против актуелниот шампион, но „Островците“ знаат да изненадат во Ди – си. Интересно е што во претходните три овосезонски дуели секогаш победувал гостинскиот тим, Вашингтон два пати се радуваше во Њујорк, Ајлендерс еднаш во „Капитал Уан“ арената.

Исходот ќе зависи од расположението на хокеарите, но и тоа колку се подготвени да трошат сили ако се знае дека и двете екипи обезбедија место во плеј-офот.

Предлог тип: >5.5 (1.80)

 

Далас старс – Минесота вајлд (02 часот)

Минесота извиси во обидот да игра плеј-оф, иако во текот на сезоната беа во поволна позиција и во горниот дел од табелата во Западната конференција. Далас пак направи подвиг и ја заврши работата, а сега имаат намера со стил да го завршат регуларниот дел и во четвртата последователна пресметка против „дивите“ да триумфираат.

Пресметките на овие две екипи речиси секогаш се „тврди“, често знае еден гол да ја одлучи средбата, а можно истото да се случи и ноќеска.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Калгари флејмс – Едмонтон ојлерс (04 часот)

Нема калкулации, Нафташите стравуваат кога играат против најдобриот тим од Истокот оваа сезона. Едмонтон еднаш успеа да изненади и со минимални 1-0 славеше против Калгари, а тоа е еден од ретките дуели на кој не се постигнале пет или повеќе гола кога се среќаваат овие две екипи.

Калгари ќе игра за себе, па ќе се обиде да им го нанесе на Едмонтон и шестиот пораз во низа, откако Нафташите се во кризна серија со пет последователни разочарувачки резултати.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.40)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести