Страшниот напад на Аталанта ќе го освојува „Џузепе Меаца“

Интер – Аталанта (18 ч.)

Ова е дерби во Серија А според моменталниот изглед на табелата. Интер е на трето место, а Аталанта е најголемиот ривал кој може да ги загрози во трката за пласман во Лигата на шампиони за следната сезона. „Нераѕурите“ играат на домашен терен, а сезонава на „Џузепе Меаца“ се со скор од 9 победи, 2 реми и три порази. Аталанта знае да биде опасна на гости и победи 8 пати во 15 дуели.

Аталанта игра неверојатно ефикасно па е лидер со 35 дадени гола, но примила дури 24 погодоци на гостински терен, а во вкупната гол разлика само Јувентус има дадено 64 погодоци колку и тимот од Бергамо, но Старата дама има одиграно меч повеќе. Затоа и на „Џузепе Меаца“ може да се очекува отворен меч со голови на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95) – Квота на денот во Sport Life

 

Евертон – Арсенал (15:05 ч.)

Евертон до крајот на сезоната ќе може мирно да ги одигра преостанатите мечеви. „Карамелите“ не може ниту да испаднат од лигата, ниту да излезат во Европа. За разлика од домаќините на овој меч, тоа не може да се каже за гостите. Арсенал може до последната минута да биде во трка за позиција која води во Лигата на шампионите.

Затоа „топчиите“ се под притисок дека мора да ги освојат трите бода од гостувањето на „Гудисон Парк“. Тоа и не би било тешко, ако се следи традицијата од последните четири средби, кога се радувале играчите на Арсенал. Интересно е тоа што на последните 13 меѓусебни средби, секогаш биле постигнувани барем по два погодоци на дуел.

Предлог тип: X2&2-4 (2.20) – Квота на денот во Sport Life

 

ПСЖ – Стразбург (21 ч.)

ПСЖ ќе ја одбрани титулата во француското првенство, но тоа не значи дека „светците“ ќе попуштат во темпото. Против Стразбург се очекува сигурен триумф, но и повторно да има погодоци и тоа уште во раната фаза на средбата. Со 87 погодоци во 29 меча, ПСЖ покажува дека е машина за тресење на противничките мрежи.

Интересно е што Стразбург има цврста одбрана, па во 15 гостувања има примено 19 погодоци, односно само нешто повеќе од еден на меч. Сепак, напаѓачите на ПСЖ не би требало да имаат проблем да го урнат одбранбениот бедем на гостите.

Предлог тип: 1&0-29 (1.80) – Квота на денот во Sport Life

 

Наполи – Џенова (20:30 ч.)

Наполи се откажа од трката со Јувентус за шампионската титула, па сега им останува само рутински да ја задржат втората позиција. Тимот од југот на Италија е во лоша серија и победи само два пати во псоледните пет средби, па дуелот против Џенова треба да им биде како за врашање на самодовербата.

Џенова во минатото коло претрпе дебакл на свој терен од Интер (0:4), а тешко дека ќе може да се надева на нешто подобро и на овој меч.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.62)

 

Вулверхемптон – Ватфорд (17 ч.)

Ретко кој очекуваше дека овие две екипи ќе се борат за место во финалето во ФА Купот. Влез во завршниот меч од најстарото клупско натпреварување во свет е престиж за секого, а и шанса која се добива еднаш во многу години за овие два клуба.

Затоа несомнено дека мотивот ќе биде на највисоко ниво кај сите играчи. Ватфорд на пат до финалето беше подобар од Вокинг (2:0), Њукасл (2:0), КПР (1:0) и Кристал Палас (2:1). Вулверхемптон имаше потешка задача па тие ги елиминираа Ливерпул (2:1), Шевсбери (2:2, 3:2), Бристол (1:0) и Манчестер јунајтед (2:1).

Според резултатите на двата тима, најчесто има два до три гола, а сепак благи фаворити се „волците“

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.25)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести