Мартовското лудило финишира во април – Вирџинија и Тексас по прва титула на НЦАА

Ноќеска од 03.20 минути се игра големото финале во американската колеџ-кошарка, а до завршницата стигнаа Вирџинија кавалирс и Тексас тек. Во САД се мирува кога се игра големото финале на НЦАА, нема НБА кошарка, не се игра ниту НХЛ-лигата, каде што се очекува почеток на плејофот, па во отсуство на натпреварите од овие две лиги, во Полноќниот експрес ќе ви понудиме анализа и типување на финалето на НЦАА, гарнирано со четири тениски мечеви.

Вирџинија кавалирс – Тексас тек (НЦАА, 03.20 часот)

Ноќеска во Минеаполис завршува прочуеното мартовско лудило во САД, интересно со финиш во април, а на ред е мечот што се чека цела сезона. Финалето во колеџ-кошарката за шампион на НЦАА-лигата.

На изненадување на многумина, за прва титула битка ќе бијат Вирџинија и Тексас тек. Вирџинија по третпат во историјата игра на Фајнал фор турнирот, додека екипата од Тексас е сензацијата на турнирот и за првпат ќе игра во финалето.

Се игра на неутрален терен, а и двете екипи си имаат свои адути. Популарните Ред рајдерс од Тексас се рангирани како екипа што игра најдобра одбрана и ноќеска ќе гледаме страшен пресинг од избраниците на Крис Бирд. За настап на Фајнал фор турнирот го победија реномираниот универзитет Мичиген стејт и имаат шанси за титулата.

Бирд е одличен стручњак, а занаетот го учеше од легендарниот Боб Најт, еден од најголемите тренери во историјата на американската кошарка.

Вирџинија е за нијанса фаворит, има поголемо искуство со три настапи на Ф4, но ова е финале, и тоа големо и многу важно во американската кошарка, па тешко е да се предвиди победникот.

Двете екипи играат страшно добра одбрана, па ќе ви предложиме да одиграте на помал број кошеви од понудената граница во Sport LIfe.

Предлог тип: < 117.5 поени (1.87)

 

Марсел Гранољерс – Тејлор Фриц (Тенис АТП Хјустон, 01 часот)

Гранољерс е поискусен тенисер од Фриц, има четири АТП-титули во кариерата, додека противникот сè уште ја чека првата. Шпанецот е и подобар играч на земјена подлога, каква што е поставена на турнирот во Хјустон, своевремено беше и 19-то рангиран на светот, но се чини дека е во залезот на кариерата. Има 32 години и е повозрасен од талентираниот Фриц, кој има 21 лето.

Американците мака мачат да создадат квалитетен тенисер на земја, од ерата на Андре Агаси немаат успеси на најспората подлога во тенисот, а се чини дека и Фриц не наговестува дека ќе може барем приближно добро да игра на земјена подлога. Сепак, тој е во подобра форма од Гранољерс и ќе типуваме негова победа.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Бернард Томиќ – Денис Кудла (Тенис АТП Хјустон, 02.30 часот)

Томиќ беше еден од најголемите таленти во неговата генерација, но мешањето на неговиот татко Џон влијаеше врз неговата кариера. На Мастерсот во Мајами во 2012 година дури му се случи и бизарен момент, кога од судијата побара да го избрка татко му од трибините. Сè на сè, Томиќ беше поголем потенцијал од тоа што го постигна. Има одличен сервис, а се надева дека ќе се врати на вистинската патека бидејќи сè уште е млад и има само 26 години.

Кудла му е врсник, но нема потенцијал како Томиќ, а интересно е што и двајцата играат за земји во кои не се родени. Томиќ е роден во Германија, а настапуваше за Австралија, додека Кудла е родум од Украина, но има американски пасош.

Овде ќе му дадеме предност на поквалитетниот тенисер, па ќе типуваме победа на Томиќ.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

Хјуит/Томпсон – Краичек/Ситак (Тенис АТП Хјустон, 01 часот)

Лејтон Хјуит сè уште игра тенис и на 38-годишна возраст, а на турнирот во Хјустон партнер во двојки му е сонародникот од Австралија, Џордан Томпсон. На спротивната страна од мрежата ќе им биде амриканско-новозеландското дуо Остин Крајчек и Артем Ситак.

Според минатиот труд, Хјуит е марка за останатите тројца, има две гренд слем титули во кариерата, беше број 1 на светската ранг-листа и има вкупно 30 сингл-титули. Но и наполни 38 години, па прашање е каква е мотивацијата да игра тенис. Крајчек и Ситак се фаворити и ќе типуваме на нивна победа.

Предлог тип: 2 (1.97)

 

Сабине Лисицки – Аманда Анисимова (Тенис, ВТА Богота, 02 часот)

Лисицки се мачи во последно време со повредите и падна на ВТСА-листата на 298-мото место. Германката има одлично педигре во женскиот тенис, играше во финалето на Вимблдон во 2013 година, но се чини дека деновите на одличен тенис се зад неа. Се обидува да се врати, но тоа тешко ѝ оди на 29-годишната тенисерка од Тројсдорф. Годинава одигра само 4 меча на ВТА-урнирите и сите ги загуби со резултат 0-2.

Анисимова е тинејџерка, има само 17 години и таа е новата голема тениска надеж на САД. Во 2017 година победи на јуниорскиот Гренд слем во Њујорк, стигна до 59-тата позиција на ВТА-листата и е најмладата тенисерка во топ 100 во моментов. Со игрите најавува дека ќе биде идната ѕвезда на женскиот светски тенис и ноќеска во Богота таа е апсолутна фаворитка против Лисицки.

Предлог тип: 0:2 во сетови (1.57)

 

- Оглас -

Најнови вести