Во пресрет на стартот од четвртфиналните дуели во ЛШ помеѓу Манчестер јунајтед и Барселона, односно Ајакс и Јувентус, познати се почетните состави на сите четири екипи.
Кристијано Роналдо се враќа во почетниот состав на Јувентус и ќе сее страв кај одбраната на Ајакс. Беше неизвесно дали Португалецот ќе игра од почеток и дали ќе игра 90 минути, а одговорот на првото прашање е позитивен. Бернардески доби предност пред Дибала, очекувано, Ругани го пополнува местото на Кјелини во последниот ред. И кај Ајакс нема изненадувања, Тадиќ ќе биде во улога на „лажна деветка“.
Семедо на местото на Серџи Роберто на позицијата десен бек е единствената измена која ја направи тренерот на Барса, Валверде, во однос на тимот кој викендов го совлада Атлетико Мадрид. Кај Манчестер се очекува Погба да има малку поофанзивна улога и да им помага на напаѓачите.
Официјални состави:
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – БАРСЕЛОНА
Манчестер ј. (4-3-3): Де Хеа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Шоу, Погба, Фред, Мектоминеј, Рашфорд, Дало, Лукаку.
Барселона (4-3-3): Тер Штеген, Семедо, Пике, Лангле, Алба, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Кутињо, Меси, Суарес.
АЈАКС – ЈУВЕНТУС
Ајакс (4-3-3): Онана, Велтман, Де Лихт, Блинд, Талјафико, Де Јонг, Шене, Ван де Бек, Нерес, Зијех, Тадиќ.
Јувентус (4-3-3): Шченсни, Кансело, Бонучи, Ругани, Алекс Сандро, Пјаниќ, Бентанкур, Матуиди, Роналдо, Бернардески, Манџукиќ.