Дојде време за одмазда: Ѕвезда го пречекува шампионот Будуќност

Будуќност лани ја прекина тригодишната доминација на Црвена ѕвезда во АБА-лигата освојувајќи го трофејот за првпат во својата историја токму против белградскиот состав. Една година подоцна, двете екипи одново ќе се борат за титулата на Јадранот, а црвено-белите ја имаат предноста на домашен терен на стартот од финалната серија.

Црвена ѕвезда – Будуќност (АБА-лига финале, прв натпревар – 19 часот)

Победникот од оваа финална серија добива многу повеќе од трофеј, борбата е и за пласманот во Евролигата за следната сезона. Ѕвезда посакува да се врати во европската елита, а за тоа ќе треба да се реваншира на актуелниот шампион Будуќност. Црногорскиот состав го доби ланското финале со 2-1 во серија, победи на двете домашни средби откако црвено-белите стартуваа со триумф во Белград.

Сега повторно од тоа место започнува серијата, од салата „Александар Николиќ“, или попозната како „Пионир“. Ѕвезда сезонава е многу посупенша во меѓусебните дуели против Будуќност. Победија во двете пресметки во регуларниот дел од шампионатот, а претходно во септември им го „украдоа“ пехарот во Суперкупот на АБА.

Се очекува позитивната серија да продолжи и вечерва, Ѕвезда е фаворит пред своите навивачи и ќе треба да победи во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-1 (2.0) квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Алба Берлин – Валенсија (Еврокуп-финале, втор натпревар – 20 часот)

Валенсија поведе со 1-0 во финалната серија против Алба, и тоа со убедлив триумф на домашен терен од 89:75. Сега серијата се сели во Берлин, а Германците ќе се обидат да изнудат и трет меч во кој ќе се одлучува победникот, односно освојувачот на трофејот. Меѓутоа, ќе имаат тешка задача, бидејќи Алба има само една победа против „лилјаците“ од вкупно осум пресметки кои ги одиграле низ историјата.

Тоа беше пред три години, во рамките од четвртфиналето на Европкупот, но таа победа за нив беше Пирова бидејќи и со неа претрпеа елиминација поради поголемата разлика на Валенсија од претходниот натпревар.

Валенсија може уште вечерва да ја заврши работата и заедно со трофејот да се радува на враќање во Евролигата.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

Лестер – Њукасл (21 часот)

Њукасл по убаво го памети последното гостување на стадионот „Кинг пауер“, избраниците на Рафа Бенитес победија со 2-1. Сега ќе целат кон сличен исход или барем да останат непоразени, бидејќи во последно време се во лоша форма, имаат само една победа, едно реми и три порази во англискиот шампионат.

Лестер, пак, е во серија од четири последователни победи во Премиер лигата, а придонес за тоа има и доаѓањето на Брендан Роџерс на клупата. „Лисиците“ водат битка со Вулверхемптон за седмото место на табелата, а двете екипи  имаат по 47 бода по 33 натпревари.

Њукасл, пак, засега е сигурен, но математички сè уште нема обезбедно опстанок.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.30) квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Нирнберг – Шалке 04 (20:30 часот)

Од екипа која конкурира за пласман во Лигата на шампионите до тим кој се бори за опстанок, тоа е патот на Шалке кој го помина во една недовршена сезона. Од големиот број порази во Бундеслигата (16) по 28 натпревари, најмногу настрада тренерот Тедеско, доби „шут-карта“, а ниту неговиот заменик Хуб Стивенс засега не прави разлика.

Шалке има само една победа во последните пет првенствени меча, останатите се порази. Добро е што знаат како да играат против Нирнберг, претходно сезонава на домашен терен славеа со убедливи 5-2, додека тој меч беше прв меѓу овие две екипи по пауза од две години.

Нирнберг е сè поблиску до „Цвајте“, или втората по квалитет германска лига, засега е на 17-тото место со 17 бода, сигурната зона му е оддалечена за недостижни осум бода на шест кола до крајот на шампионатот.

Предлог тип: 1X & 0-2 (2.65) квота на денот во Sport Life обложувалници

 

Нант – Лион (20:45 часот)

Лион наиде на пречка во обид да го стигне Лил за втората позиција на табелата во Лига 1, место кое носи директен пласман во групната фаза од ЛШ. Сега ќе треба да мислат да го задржат третото место и да се задоволат со квалификации за континенталниот клупски собир. На седум кола до крајот, Сент Етјен им е зад пети со шест бода помалку, Лион има 56, „зелените“ 50 бода.

Во дуелите со Нант имаат одличен биланс, непоразени се во 12 последователни средби од францускиот шампионат, но гостинска победа немаат забележано повеќе од две години. Нант, пак, е блиску до осигурување на опстанок во француската елита, а има голем мотив да излезе од сенката против Лион, а воедно и да стават крај на четирите последователни порази од изминатиов период.

Предлог тип: ГГ3+ (2.07)

 

 

- Оглас -

Најнови вести