Молњите од Тампа се наполнија, подготвени се за прва победа во плејофот

Тампа Беј ќе атакува на сефте победа во плејофот и пред се на корекција на киксот од првиот меч против Колумбус кога прокоцкаа огромна предност од 3:0 и загубија со 3:4. Најдобрата екипа од регуларниот дел има дрим-тим и е фаворит, па ќе типуваме дека ќе го израмни резултатот.

Има уште три одлични дуели, а во новото издание на „Полноќниот експрес“ ви нудиме и анализа и предлог тип на еден тениски меч.

Тампа Беј лајтнинг – Колумбус блу џекетс (НХЛ, 01 часот)

Страшен пресврт за стартна победа во плејоф серијата направи Колумбус на првиот меч против главниот фаворит за титулата.

Тампа беше пред сигурна победа со огромна предност од 3:0 по првиот период, но се потоа беше во знакот на гостите. Со четири голови во серија приредија сензација и имаат предност од 1:0 во победи, со што ја анулираа и предноста на Тампа да има меч повеќе на свој терен.

Брејкот на Колумбус е значаен, но најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната останува фаворит за пласман во второто коло во плејофот од Источната конференција. Кучеров, Стамкос, Палат, Џонсон, Хедман и останатите хокеари на Лајтнинг се премногу квалитетни и искусни за да си дозволат луксуз и нов пораз. Негатива од 0:2 со порази на свој терен би била голем проблем за нив и за амбициите да се атакува на титулата во НХЛ лигата, па ќе типуваме дека домаќините успешно ќе го минат поправниот испит ноќеска.

Предлог тип: 1 (1.80) Супер тип Sport Life

 

Њујорк ајландерс – Питсбург пингвинс (НХЛ, 01.30 часот)

Екипа што ги има Сидни Крозби во првиот напад, Евгени Малкин како предводник на втората постава и Фил Кесел во третата формација секогаш е потенцијален кандидат за титулата. Питсбург има дрим-тим, но Ајландерс не им се исплашија и во страшно квалитетен меч по продолженија ги победија во стартниот меч во една од најинтересните плејоф серии во првото коло во НХЛ лигата.

Тимот од Њујорк има многу искусен и фино избалансиран состав, а во сите четири постави има познати хокеари со Ол-стар калибар. Имињата на Бојчук, Еберле, Нелсон, Тејс, Филпула, Комаров… носат надеж за Ајландерс дека имаат сили да го прегрмат големиот предизвик и да го елиминираат шампионот од 2015/16 и 2016/17 година.

Типуваме дека пак ќе гледаме неизвесен меч, овојпат со предност за гостите.

Предлог тип: Х2 (1.49)

 

Винипег џетс – Сент Луис блус (НХЛ, 03.30 часот)

И Винипег беше меѓу фаворитите за титулата, како предвидување на голем дел од експертите за НХЛ лигата, но и тие губат со 0:1 по првиот меч во плејофот.

Сент Луис имаше сили за пресврт победи со 2:1 на стартот и ноќеска ќе игра порелаксирано. Според квалитетот двете екипи се тука некаде, израмнети, па и оваа серија како што тргна ќе биде долга и неизвесна.

Винипег имаше повеќе успеси во последно време во меѓусебните дуели со Блус, но сега имаат и два порази по ред. Третиот би значел дека се пред елиминација на стартот од плејофот, па и тука ќе типуваме израмнување во победи на 1:1.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Сан Хозе шаркс – Вегас голден најтс (04.30 часот)

Вегас беше сензација на ланското издание во НХЛ лигата, а тимот што се формираше пред стартот на минатата сезона играше во финалето на плејофот.

И тие не тргнаа во плејофот како што посакуваа, па легендарниот голман Марк Андре Флури дури петпати го вадеше пакот од мрежата.

Ајкулите имаат страшен состав и тие се во првиот ред на фаворити за пехарот во Стенли купот и пак се во предност и во вториот меч што го играат на домашен терен.

Прогнозиравме и претходно дека ќе одат далеку во плејофот, па сега ќе го потврдиме со тип 1 и нов триумф на Гудро и соиграчите од Сан Хозе.

Предлог тип: 1 (2.20)

 

Даниел Галан Риверос – Џордан Томпсон (Тенис, Хјустон, 01 часот)

Колумбиецот Риверос приреди првокласна сензација во Хјустон и во претходното коло го елиминира двојниот шампион Стив Џонсон со чиста победа од 2:0 во сетови.

Рангиран како 241. на АТП листата тој е вториот најслаборангиран тенисер што остана во битка за титулата на АТП турнирот што се игра на земја.

Томпсон е на 67. место и е фаворит, но Австралијците како по правило играат подобро на побрзи подлоги.

Риверос е во добар ритам и прогнозираме дека ќе му пружи сериозен отпор на подоброрангираниот тенисер во битка за полуфиналето на турнирот.

Предлог тип: > 21.5 гем (1.65)

 

 

- Оглас -

Најнови вести